Легендата Бадр Хари сака Глори да организира турнир на кој ќе учествуваат 8 борци. Хари сонува за старите добри времиња во Јапонија каде што овие турнири беа вообичаени. На овие турнири еден борец треба да помине неколку противници за една ноќ за да го освои турнирот.
Хари сака да учествуваат Рико Верховен, Џамал Бен Садик, Бенџамин Адегбуи, Плазибат, Леви Ригтерс и други. „Бед бој“ не е сигурен за учеството на Алистер Оверем и сака прво да види што ќе направи легендарниот шампион во своето деби за Глори.
Викендов Хари се враќа во Холандија. Тој ќе ја го предводи Глори 78 и ќе се бори против Аркадиуш Вжосек. Мароканската легенда направи многу промени во тренинзите и има нов тренер. Верува дека ја вратил страста за борба и сака да го докаже тоа.
Глори и Спајк Нидерленд посветија краток филм за Хари и го објавија третиот од 4 -те дела пред неговото враќање.