Легендата Бадр Хари се врати во рингот.
Лошото момче од Мароко се соочува со ветеранот во Џејмс МекСвини. Борбата меѓу нив ќе се одржи на настанот Глори 88, кој ќе се одржи на 9 септември во Париз, Франција.
Победникот од борбата ќе заслужи право на учество на турнирот во тешка категорија што Глори го планира во декември. Хари нема победа во рингот 8 години, но и покрај ова, не планира да запре.
Бадр има скор од 106-16-2-3 во рингот и е во серија од 4 порази. Последен пат Бадр се бореше со Алистер Оверем на крајот на 2022 година. Хари загуби со одлука, но Оверем падна на допинг-тестот. Така неговата победа беше поништена.
Хари забележа 4 порази во Глори и 3 неуспешни борби. Тие беа против Оверем, Хесди Гергес и Аркадуш Взожек. Хари последен пат го победи Исмаел Лонд во 2015 година во Грозни, Чеченија. Бадр победуваше на поени во сите негови натпревари за Глори, но беше или повреден или нокуатиран.
Сега е мотивиран од турнирот во тешка категорија и сака да си даде последна шанса. Ако Хари дојде на турнирот, тоа ќе биде лошо за него, бидејќи таму ќе го чекаат најдобрите, а тој веќе не е во цутот на младоста.
МекСвини е ММА борец и кикбоксер. Џејмс е поранешен борец на УФЦ и азискиот ОНЕ шампионат. Во кик бокс има скор 47-8 а во ММА 15 победи и 18 порази. Џејмс последен пат го победи Ердоган со поделена одлука кон крајот на 2022 година.
МекСвини претходно се бореше со Гокан Саки во Глори. Саки го уништи со лоу кикови и го нокаутира во втората рунда. Оваа борба беше дебито на Џејс во Глори. МекСвини има 42 години, па Хари има сериозни шанси да го победи.