Големата легенда на кик-боксот Бадр Хари се врати во борбена форма. 36-годишниот ветеран е далеку од неговите најдобри години и многумина веруваат дека веќе е на излгување од рингот.
Лошото момче од Мароко има скор 106-15-2-1 во рингот и е во серија од 3 последователни порази. Хари се бори во Глори, при што два пати поради повреди загуби од Рико Верховен.
Во последната борба беше нокаутиран од Бенџамин Адегбај. Хари водеше на поени, но падна два пати во тежок нокдаун и одби да продолжи, бидејќи имаше скршен нос. Значи, официјално Хари не победил скоро 6 години.
Многу навивачи го повикаа да престане да се бори, но тој не го прави тоа, наместо тоа тренира напорно и планира да се бори оваа година. Неодамна изјави дека ќе биде подготвен за нова битка со Верховен на лето,а тој му порача да се нареди во редот.