Легендарниот кикбоксер Бадр Хари сподели видео на социјалните мрежи со наслов „ГЛАД“, испраќајќи порака до сите борци на Глори во тешка категорија дека не се подготвени за него.
https://www.instagram.com/p/Bj7r8amn_1a/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/Bj0B7N5nNYX/?utm_source=ig_embed
Бадр Хари засилено тренира и се подготвува за наредната битка во Глори. Тој е со скор 1-1 во организацијата и веројатно неговиот следен противник ќе биде шампионот Рико Верховен. Тие се сретнаа во рингот во 2016 година, а Верховен победи, бидејќи Хари ја скрши раката и не можеше да ја продолжи битката. Но, тогаш Бадр се заколна дека ќе го нокаутира следниот пат.