Бадр Хари ја качува килажата

Големата легенда на кикбоксот Бадр Хари очигледно е решен повторно да ја зголеми килжата. 36-годишниот Мароканец не престанува да тренира и повторно е во добра форма, но очигледно е дека ќе се потпре и на тежината во следната борба.

Лошото момче влезе прилично голем во првата борба со Рико Верховен и водеше на поени, но се повреди и загуби со технички нокаут. По оваа битка, Бадр реши да ја намали тежината за да се потпре на брзината.

Го победи Хесди Гергес, но падна на допинг- тестот и доби казна, а победата беше поништена. По оваа борба, Хари направи втор меч со Рико Верховен и поведе убедливо, но, пак, повреда му донесе пораз. На крајот на минатата година, Хари загуби со нокаут од Бенџамин Адегбуи и со тоа не ги доби 4 битки за Глори.

Генерално, Бадр нема победа 6 години, но сепак не планира да се повлече од спортот. На социјалната мрежа „Лошото момче“ објави фотографија од неговиот тренинг и покажа дека добил мускулна маса, на која ќе се потпре во следната битка:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON