Бадр Хари ужива во статусот на супер ѕвезда кој го има во неговиот Мароко.
Кикбоксерот кој најави проштална борба следната година работи како хуманитарец, се појавува на социјални настани додека продолжува да прави и инциденти.
Хари учествуваше во уште еден ревијален натпревар, овој пат посветена на Зелениот марш од 1975 година, кога Мароканците побараа враќање на „Шпанската Сахара“.
„Вчера имав чест да играм против живата легенда, Диего Марадона, во меч посветен на Зелениот марш. Тоа беше неверојатно искуство. Тој беше среќен да ме види после нашата последна средба, кога дојде на мојата борба во Дубаи“, напиша на Фејсбук.
Според ова видео и на Марадона му драго да го види Хари.
https://youtu.be/Tkin7VICy9A
https://youtu.be/sgbvS41rKa0