Сите ја гледаме страотната форма во која се наоѓа Бадр Хари. Мароканската легенда дефинитивно е во животна форма и не престанува да се подготвува за втората борба со Рико Верховен, што ќе се одржи на Глори Колишн 2 на 21 декември во Архем на стадионот Гелредом.
„Бед бој“ е суспендиран за падот на допинг-тестот минатата година по победата над Хесди Гергес, која потоа беше поништена. Хари повторно потпиша договор со Глори за нови шест борби во наредните 3 години, така што не му недостасува мотивација.
Бадр сè уште нема победа за организацијата. Во 2016 година ја загуби дебитантска борба со технички нокаут од Рико Верховен, заради повреда на раката. Сега и двајцата имаат сметки за порамнување, а Хари ја откри тајната за неговата кондиција.
„Работам многу здраво со мојот многу компетентен и искусен тренер. Заедно создадовме исклучителен тренинг план што ме доведе до оваа силна физичка форма“.