Бадр Хари демонстрира моќ пред Глори 76 (ВИДЕО)

Големата легенда на кикбоксот Бадр Хари се враќа во рингот за две недели. 35-годишниот Мароканец ќе се обиде да заработи трета борба со Рико Верховен на 19 декември. „Лошото момче“ (Бед бој) ќе се настапи во главната борба на Глори 76 со поранешниот предизвикувач за титулата Бенјамин Адегбај. Двапати оваа година нивната битка се одложуваше заради Ковид-19.

Хари ќе ја бара својата прва победа во рингот по 5 години. Тој е во серија од два последователни порази кои ги собра во пресметките со Верховен. Во 2018 година Бадр успеа да го победи Хеди Гергес, но падна на допинг тестовите и победата беше откажана. Хари во кариерата има 92 победи во нокаут и останува да видиме дали ќе може да победи со уште еден тежок нокаут.

Моќта на опасниот нокаутер во сала:


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON