Шампионот на Белатор во полутешка категорија Рајан Бадер (26-5) на 26 јануари ќе се обиде да ја освои титулата во тешка категорија.
Откако во четвртфиналето за 15 секунди го нокаутира Мухамед Лоуел, а потоа со едногласна одлука на судиите го елиминира Мет Митрион, 35-годишниот Американец во финалето за Големата награда се бори со Федор Емелијаненко.
42-годишниот Русин многумина го сметаат за најдобар ММА борец на сите времиња или барем за најдобар тешкаш во историјата на мешаните боречки вештини.
Бадер на Универзитетот во Аризона се занимаваше со борење заедно со Каин Веласкез, и иако не сака да влегува во расправи за тоа кој е најголем на сите времиња вели дека поранешниот шампион на УФЦ е подобар борец од Федор.
„Навистина немам борец за кого мислам дека е најдобар. Верувам дека тој и Каин се најдобри тешкаши од сите времиња. Поради она што го оставри околу него постои одредена мистика, а со тоа и не пушта многу луѓе во неговиот приватен живот. Во Прајд ги уништуваше противниците. Мислам дека е меѓу тројцата најдобри“.
„Мислам дека Каин е подобар? Да, мислам. Мислам ако се борат дека Каин секој пат би го победил. Со ова не ги намалувам квалитетите на Федор, туку истакнувам колку е добар Каин“.
„Дарт“ Бадер ќе навива за Веласкез во неговиот повратнички меч против Френсис Нгану во февруари.
„Се надевам дека може да остане здрав и да го докаже тоа. Но, јас секогаш сум мислел исто. Тој е природно надарен и тоа го видов уште во боречките денови, а потоа и по преминувањето во ММА. Тоа беше совршена транзиција. Се надевам дека ќе се врати и ќе остане здрав и ќе го прави она што го прави, бидејќи ако не го видиме во акција, тоа ќе биде губиток за сите навивачи на ММА“.