Тренерот на Макпетрол, Бошко Заборски, по повод учетсвото на Карате 1 Премиер лигата во Ротердам, Холандија изјави:
„Во Ротердам заминуваме со сениорскиот состав од нашиот клуб. Како што знаете комплетната сениорска репрезентација на Македонија во дисциплината борби претежно е составена од девојките на Макпетрол. Овој турнир за нас има два приоритета. Прво, тој е критериумски за влез во националната репрезентација и истовремено преставува и најдобра контрола за нашите каратисти кои се подготвуваат за Европското сениорско првенство кое ќе се одржи во месец мај во Турција. Се надеваме на добро претставување во директна борба со сите најдобри каратисти од целиот свет. Конкуренцијата во Ротердам ќе биде на највисоко можно ниво. Сите тежински категории се преполни со најдобри каратисти. Само како податок во категорија -75 кг за мажи има пријавено 153 сениори“.
Викендов во Ротердам на Карате 1 Премиер лигата која е организирана од Светската карате федерација (ВКФ/WKF). До сега има пријавени спортисти од 73 држави од целиот свет , со 1257 спортисти.
Макпетрол во Ротердам ќе настапи со 9 натпреварувачи во борби, а тоа се:
Симона Заборска -55 кг, Моника Пендаровска -55 кг, Наташа Стефановска -61 кг, Анамарија Несторовска -61 кг, Моника Стефановска -68 кг, Анѓела Мојсовска -68 кг
Селена Таушанова +68 кг, Петар Заборскаи -75 кг и Халит Османи -75 кг.
Светската Карате Федерација овие турнири ги озваничи со многу висок коефициент кои изнесува (5). Европските првенства имаат коефициент (6). Тоа значи ако си прв во Европа ќе добиеш 600 бода, а прво место од Ротердам носи 500 бода на ранг листат на Светската карате федерација.
Ipon.mk/В.Д.