Азра Цури од Карате клубот Кеикс е прогласена за најдобра натпреварувачка на Меѓународниот турнир „Иппон куп“ во Лесковац-Србија, бидејќи од шесте златни медали на клубот два се нејзини, а седумте борби ги заврши пред време, затоа што им правеше 8 поени разлика.
КК Кеикс освои шест златни, четири сребрени и пет бронзени.
Медалите ги освоија:
Салма Куртановиќ – злато, девојчиња 2004/2003 +45 кг и сребро -45 кг,
Азра Цури – злато, јуниорки -55 и злато +55 кг,
Дин Машовиќ – злато, машки 2004/2003 +50 кг,
Маја Стојменовска – злато, девојчиња 2002/2001 +60 кг,
девојчиња екипно 2004/2003 кумите – злато, како уште три сребрени и пет бронзени медали.
КК Кеикс му се заблагодарува на превозникот Вардар експрес за успешната соработка.
Ipon.mk/В.Д.