Каратистите до 75 килограми стигнаа до третото коло на Карате 1 Серија А турнирот во Истанбул. Азиз Исмаил и Доан Османи имаа по две победи, а Петар Заборски една. Исмаил со малку среќа ќе се бореше во репасажот
Во Истанбул настапија 1813 каратисти од 101 држава.
На Серија А турнирите настапуваат најдобри каратисти од ВКФ ранг листата. Исто така и на овој натпревар се собираат бодови за Олимпските игри во Токио 2020.
Цело време нашите каратисти имаа поддршка од скопјанецот Адем Хајдароглу кој живее во Истанбул.
Резултати
-75 кг – 190
Азиз Исмаил – Ромен Хош (Франција) 2-2
Азиз Исмаил – Нуркант Ажиканов (Казахстан) 2-2
Азиз Исмаил – Габор Харспатаки (Унгарија) 0-2
Доан Османи – Роман Кмит (Украина) 3-1
Доан Османи – Милад Бахмани (Иран) 4-2
Доан Османи – Али Ешзис (Турција) 3-5
Петар Заборски – Виктор Ксенжик (Украина) 1-1
Петар Заборски – Ахмед ел Шараби (Италија) 1-6
Мартин Димитров – Панајотис Лоизидес (Кипар) 2-3
Шпенд Власику – Максим Релифокс (Франција) 0-5
Ipon.mk