Азиз Исмаил во категоријата до 75 килогарми во јуниори до 21 гоосвои шестиот медал за Македонија на Европското првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година во Лимасол, Кипар. Исмаил во борбата за бронзениот медал го совлада Португалецот Мигуел Диз.
Азиз Исмаил во првото коло беше слободен, а второто го победи со 1-0 Матео Шитум од Хрватска, потоа беше поразен од Данецот Лудвиг Абилд со 2-1, бидејќи данскиот репрезентативец во полуфиналето го совлада Португалецот Мигуел Диз со 3-2 му овозможи на Исмаил во репасажот да се бори за бронзениот медал.
Во првата борба во репасажот Исмил беше подобар од Ерменецот Серјожа Сагарсјан, совладувајќи го со 2-1. Во клучната борба за бронзениот медал со Португалецот Диз….
Другите наши претставници денес многу не се прославија.
Мартин Стојменов (-60 кг) првата борба ја доби со 8-0 против Ерик Геворгјан од Ерменија, потоа против Флорин Гоголоси од Романија славеше со 5-2, а загуби со 2-1 од Оргес Арифи од Косово, кој во полуфиналето загуби со 4-1 од Шпанецот Ангел Медина.
Адил Мехмед (- 67 кг) првата борба ја доби со 3-0 против Родриги Пина од Португалија, а втората ја загуби со 4-3 од Лука Д’ Агуи од Италија.
Виктор Крстевски (-84 кг) е совладан во првото коло од Џамал Ото од Англија со 4-3. Емир Ќосовиќ (+84 кг) во првото коло беше слободен, додека Босанецот Санин Канлиќ славеше со 2-1 во второто коло.
Во женска конкуренција во У-21, Христина Ристиќ (-50 кг) загуби во првото коло од Австријката Јулија Рајтер со 0-5, Јована Георгиева (- 55 кг) испадна по судиското изјаснување, откако дуелот против Андреа Брито од Франција заврши нерешено, 3-3, а Марија Василева (- 68 кг) е поразена од Викторија Пиларова – 0-4. Драгана Тодорова (+ 68 кг) со 2-7 беше декласирана од Гркинката Анастасија дели.
Ipon.mk/В.Д.