Азиз Исмаил: До шампионската титула стигнав без изгубен поен 12-0!

Aziz slavenicki

Азиз Исмаил стана балкански шампион во категоријата до 75 килограми за јуниори до 21 година на Балканското  првенство во Дубровник, Хрватска. Каратистот нан Металург од Скопје имаше пет борби кои ги доби со скор 12-0, односно без изгубен поен. Фактички, со оваа титула си обезбеди место во репрезентцаијата за Европксото првенство во февруари идната година.

Азиз Исмаил освои и сребрен медал во екипно борби за јуниори до 21 година.

Aziz zadava poen

Дали веруваше дека можеш да стигнеш до врвот, зашто Балканското е како мини Европско првенство?

Секако очекував , цела 2015 година вложув многу труд, со макотрпна работа и голема самодоверба стигнав до врвот. И, многу сум горд! Прво за себе, а потоа за сите останати (родители, тренери, пријатели), кои што веруваа и беа со мене секој момент.
Балканското првенство може да се нарече мини европско, затоа што имаше доста добри противници и европски медалисти на овој шампионат.

Aziz letecki udar

Првите борби ги доби убедливо и сигурно?

Првата борба ја победив 3-0  против Црна Гора , втората и најважната борба против Турчинот Ујгур 1-0 , третата борба против Србија 3-0. Во полуфиналето исто така се сретнав со каратист од Србија и го совладав со 4-0. Во финалето бев подобар од репрезентативецот на Косово со 1-0.
Сакам да истакнам дека првенството го завршив без изгубен поен 12-0.

Во финалето што претежна на твоја страна?

Во финалето бев поконцентриран од мојот противник. Двајцата чекавме кој ќе падне на мала грешка и ќе земе поен. Доста интересна и атрактивна борба (хахаха).

Reprezentacija borbi na BP Dubrovnik

Фактички со ова го завери местото за ЕП во февруари. Може ли да очекуваме европска титула?

Сега следи Европското првенство во Февруари. Ова е голем мотив и самодоверба пред вакво големо првенство. Сега следи краток одмор од 7 дена, потоа почнувам со подготовки за Европското првенство со 2 тренинзи на ден. Се надевам на ист резултат како на Балканслото првенство и освојување на втор европски медал во мојата кариера.
На крај сакам да и се заблагодарам на моите тренери: Мирче Јанушевски, Драган Грдановски, Амир Беговиќ, Гоце Петров и Киро Ѓоргиевски за нивната поддршка и макотрпна работа, како и до моите родители, коишто не ме оставија сам на ова првенство, дојдоа во Дубровник да ме подржат. Голема благодарност и до мојт селектор Арлин Хусеини, кој ми даваше целосна поддршка во текот на првенството.

ПАТОТ ДО ТИТУЛАТА

Азиз Исмаил (-75 кг, У-21) во финалето го совлада Блодин Пакаштица (Косово) со 1-0.

На патот до златниот медал на Балканското првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година во Дубровник, Хрватска, Исмаил ги совлада Един Краја (Црна Гора) 3-0, Ахмет Ујгур Сабир (Турција) 1-0, Филип Кнежевиќ (Србија) 4-0 и во полуфиналето Алексанадар Тинтор (Србија) 3-0.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON