Австралиската комисија најави дека нема да го истражува случајот со Махачев

Боречката комисија на Австралија официјално соопшти дека нема да отвори истрага за рускиот шампион на УФЦ во лесна категорија, Ислам Махачев.

Борецот беше осомничен дека користел интравенска инфузија за да го рехидрира телото во пресрет на борбата со Александар Волкановски. Се бореа пред една недела во Перт, Австралија. Махачев победи со одлука на судиите и ја одбрани титулата.

По борбата Ден Хукер рече дека Ислам ангажирал медицинска сестра да му даде интранеска инфузија. Хукер не презентираше докази за неговото тврдење. Од Комисијата во Австралија соопштија дека и тие немаат докази на оваа тема.

„Австралиската боречка комисија не одобрува каква било форма на мамење во боречките спортови. Нашиот комитет има јасни кодови и политики кои се во согласност со ВАДА и забрануваат употреба на интравенски инфузии.

Комисијата нема убедливи докази дека некој спортист на УФЦ 284 во Перт ги прекршил овие правила.

Комисијата, исто така, не доби поплаки во однос на спортистите. Се додека некој не поднесе жалба или не се појават веродостојни докази, Комисијата нема да го истражува случајот Махачов“, се вели во соопштението на Комисијата.

Ова дефинитивно ќе биде свеж воздух за Махачев, кој не може да се одмори од неоснованите обвинувања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО