Наскоро во Општина Чаир ќе почне да работи ММА клубот „Шкорпион“ од водтсво на Авдил Салиху и Аријан Јусуфи.
Покрај основната насока за ММА настапи, клубот има намера да учествува и на домашните шампионати во борење, самбо и грапинг.
„Поран бев тренер во неколку клубови, како БК Скопје, БК Хедис и на репрезентацијата до 19 години. Во ММА имам работено во ММА клубот „Игорју џиу џицу“ од Скопје. Цел ни е да работиме со сите категории, се додека не напраиме вистински борци што ке не преставуват надвор од државата“, вели идејниот творец на клубот Авидл Салиху, кој смета дека треба да направи нешто свое, по кое ќе биде позната и во државата и пошироко.
Тој очекува поддршка и од Општина Чаир, бидејќи таму ќе биде стационира клубот, односно од градоначалникот Изет Меџхити.
Салиху истакнува дека неговата предност е во тоа што тој е дипломиран професор по физичка култура, така физичка спремност е нешто што знае најдобро да го пренесе на спортистите преку борењето, боксот и џудото. Додека Јусуфи е мајстор за џиу џицу, граплинг и фулконтакт.
Стратегијата на клубот нема да биде да се прави нешто на брзина, туку стрпливо и со макотрпна работа да се дојде до поакуваните резултати со 2-3 врвни борци, кои ќе значат нешто во ММА светот.
ipon.mk/В.Д.