Утре, под мотото: „ Не одиме само да учествуваме, одиме по медали“, македонската репрезентација во џиу џицу ќе настапи на Меѓународниот турнир во Алексинац, Србија.
За нашата репрезенатција ќе настапат: Станислав Грпов (-30)-помлади пионери, Александар Илиевски (+60) за надежи, Иван Трпковски (-60) и Никола Бошковски (-66) во кадетска конкуренција, Александар Трајковски (-60)-јуниори и сениорите Александар Антониевски (-69), Дарко Герасимов, Кирил Иванов, Виктор Велинов-сите до 77 кг и Владимир Доневски (-94).