Аце Русевски освои бронзен медал на Олимписките игри…(ФОТО)

Ace Rusevski OI 1976 Montreal piedestal

Време на Олимписките игри во Рио де Жанеиро кога се радуваме на успесите на спортистите, а бидејќи немаме наши медалисти кои ќе ги славиме, повеќе се рдауваме на комшиите.

Ace Rusevski Dejvis OI 1976

 Затоа ќе се потсетиме на еден светол момент од историјата на нашите спортисти, односно боречките спортови, кога ја оставаа целата нација без сон за да се гледаат нивните борби за медал.

Кумановецот Аце Русевски на Олимпијадата во Монтреал-Канада о 1976 година се претстави во одлично светло и го освои бронзениот медал.

Златниот медал во влетер категорија го освои Хауард Дејвис (САД), Симон Цутов (Романија) сребрениот, а бронзите и припаднаа на Аце Русевски (Југославија) и Васили Соломин (СССР).

Русевскси се сретна со Џерард Хамил од Ирска 4-1, Роберто Андино – Порторико РСЦ 3, Реиналдо Валиенте-Куба 5-0 и Ивс Џоди (Хаити) РСЦ 2. Загуби само од Хаурад Дејвис со 5-0.

Тој потоа учествуваше и на ОИ во Москва 1980 година, но во борбата со Италијанецот Патрицио Олива, буквално, беше ограбен, загуби 2-3. „Победникот“ беше исвиркан од публиката, дури ихимната на Италија не можеше да се слушне. Така нашиот Аце беше спречен да освои медал.

Ќе биде запамтена неговата реченица во врска со тоа што мисли за противникот:„Што има јас да мислам, нека мисли тој“!

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON