Една од најголемите легенди од блиското минато на боксот – Ивандер Холифилд, доби уште едно признание за неговата неверојатна аматерска и професионална кариера.
58-годишниот поранешен апсолутен шампион во полутешка и тешка категорија присуствуваше на церемонијата на откривање на неговата статуа во Атланта, САД. Холифилд е роден во Алабама, но на рана возраст се пресели во Атланта, каде стана боксер како што е.
Бронзената статуа, висока е скоро 3 метри и тежи повеќе од еден тон, е дело на американскиот скулптор Брајан Халтон, кој ја направи уште во 2017 година, но поради лични проблеми, нејзиното јавно откривање беше одложено за неколку години.
„Чест ми е што стојам тука пред вас покрај оваа статуа од 3 метри“, им порача легендата на медиумите и фановите.
„Важно е никогаш да не се предаваме. Само тогаш ќе успеете. Јас сум пример за ова. Грешки? Да, направив многу, никогаш не се откажав од соништата“, додаде насмеаниот Ивандер пред да се фотографира за стотици фотографии.
Американецот е носител на бронзен медал на Олимписките игри во 1984 година и четирикратен светски шампион во тешка категорија. Тој се откажа од спортот во 2011 година, но последните месеци зборуваше и за „враќање“ на рингот.