Александер Волков „совршено“ ја одигра улогата на злосторник на УФЦ Лондон вечерва, откако се предаде во првата рунда од главниот меч во тешка категорија против Британецот Том Аспинал опкружен во непријателска атмосфера.
Аспинал успеа да доминира на мечот и во стој и во патер. Том почна со лоу кик удар, а потоа зададе комбинација. Го зграпчи Волков и го собори на партер. Том дојде во доминантна позиција и му нанеде повреда на главата на Русинот. Аспинал се обиде со кимура, но не успеа.
Двајцата станаа, но Аспинал повторно го спушти Волков на подот. Овој пат немаше прошка и Аспинал го натера Волков да се предаде по армбарот. Битката заврши за 3 минути и 44 секунди во корист на Британците.
Волков, кој носи прекар „Драго“ по противникот на Силвестер Сталоне во славниот „Роки 4“, е поранешен шампион во тешка категорија во Белатор и М1-Глобал, но сега откако падна на 8-4 скор, тешко дека ќе добие шанса да се бори за титулата. 28-годишниот Аспинал, пак, сега има 5 победи во низа во УФЦ и ќе скокне од 11. место на рејтинг листата во тешка категорија.
Tom Aspinall soumet Volkov dès le 1er round 🔥 Quel domination 🏴 #UFCLondon pic.twitter.com/Fm89fFQtzz
— CULTURE MMA (@CultureMMA_) March 19, 2022
Асипнал го предизвика Туи Туиваса.