Македонските мај тај борци Мите Ашкилов и Антонио Андов викендов учествуваа на кавлификациите во Дубровник за Европското првенство на ИФМА. што ќе се одржи во октомври во Сплит, Хрватска.
Ашкилов и Андов ги победија противниците и се пласираа за ЕП.
На квалификациите учествуваа тај боксери од Хрватска, Босна и Херцеговина и Македонија, а организатор беше прослевениот екс-југословенски и хрватски кикбоксер, Бранко Цикатиќ.
„Легендата Цикатиќ многу не пофали за тоа како работиме тај- бокс. Ианку, на турнирот учествуваше и Маро Перак, познатиот ММА борец“, изјави Ашкилов, кој, всушност, со Андов се поканети од Цикатиќ и Перак.
Ipon.mk/В. Д.