Иако Боб Арум не е многу симпатична личност, неговиот следен потег е достоен за почит.
На прес-конференцијата на која е најавена третата средба на Мани Пакијао и Тимоти Бредли во Лас Вегас, промоторот на Филипинцот го нарече воведниот дел на програмата „Undercard Доналд Трамп“.
„Затоа што во воведната програма настапуваат хиспаноамерикански борци и сакам на Хиспанците да им дадам прилика пред г. Трамп да депортира од државата. Го посветувам овој undercard на 12 милиони луѓе без документи кои живеат меѓу нас, кои работат толку напорно и даваат толку многу на оваа земја“.
„Сакам да знаат дека има многу луѓе кои ќе ги поддржат и кои нема да дозволат да бидат депортирани“.
Арум успеа во намерата да го извлече Артур Абрахам од Германија. Така „Кралот Артур“ во април ќе го има своето деби во Лас Вегас по 12 последователни борби во Германија. На 9 април ќе ја брани титулата на ВБО супер шампион во средна категорија против Жилберт Рамирез.