Рускиот непоразен боксер, актуелен шампион на ВБО, ВБЦ и ИБФ во полутешка категорија, Артур Бетербиев, официјално ја најави својата следна борба.
Бетербиев објави дека се соочува со задолжителниот предизвикувач за титулата на ВБЦ во полутешка категорија, Калум Смит. Борбата меѓу нив ќе се одржи на 19 август во Канада.
„Среќен сум што можам да објавам дека на 19 август повторно ќе ме видите во рингот. Мојот противник е Калум Смит, задолжителниот предизвикувач за титулата на ВБЦ. Но, сите три мои појаси ќе бидат заложени во оваа борба.
Претстојат неколку месеци подготовки и се надевам дека се ќе биде добро. Тоа ќе биде славна битка. Се гледаме на 19 август“, напиша Бетербиев.
Артур Бетербиев во професионалната кариера има 19 борби во кои извојува 19 победи, сите со нокаут. Во својата последна борба во јануари оваа година, Русинот победи против Ентони Јард со ТКО во 8 рунди.
Калум Смит има 29 победи во 30 професионални борби, а 21 со нокаут.
View this post on Instagram