Артур Бетербиев може да се натпреварува под канадско знаме

Шампионот на ВБЦ и ИБФ во полутешка категорија, Артур Бетербиев, може да се натпреварува под канадско знаме. Веста ја сподели Маурицио Сулејман, кој е претседател на ВБЦ.

На 18 јуни во Њујорк ќе гледаме битка помеѓу Бетербиев и шампионот на ВБО Џо Смит. Многу луѓе почнаа да зборуваат против Бетербиев, близок пријател на Рамзан Кадиров, кој оваа година стана почесен граѓанин на главниот град на Чеченија, Грозни.

Сулејман е дециден дека боксерските натпревари нема да се одржуваат во Русија и Русите нема да се борат за титулата во ВБЦ. Сепак, Маурицио застана во одбрана на Бетербиев бидејќи тој е Канаѓанец.

„Нема да организираме битки во Русија и никој од руските граѓани нема да се бори за титулите на нашата организација.

Што се однесува до Бетербиев, тој веќе 15 години е во Канада. Живее во Канада, неговите деца се родени во Канада, има канадски пасош, канадска дозвола за престој и канадска боксерска лиценца.

Имаме неколку руски шампиони на ВБЦ и тие не можат да ја бранат титулата. Тие ќе бидат ставени во мирување“, рече Сулејман за Ројтерс.

Артур има скор од 17-0 во бокс и секоја борба ја доби со нокаут.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON