Шампионот во бокс во полутешка категорија на ИБФ, ВБЦ и ВБО, Артур Бетербиев, изјави дека нема да го напушти боксот за сметка на ММА.
„Ќе продолжам да боксирам. Нема да се префрлам во ММА“, изјави Бетербиев за ТВ „Меч“.
Потсетуваме, Бетербиев има 19-0 во рингот (сите победи се со нокаут).
Има и многу спортисти кои од боксот се префрлаат во ММА или обратно. Последен таков пример е Френсис Нгану, кој не го продолжи договорот со УФЦ затоа што сака да боксира.
Во спротивна насока од познатите примери се Џејмс Тони и Клареса Шилдс, двајца боксери од светска класа кои се преселија во УФЦ и ПФЛ.