Артур Абрахам стави крај на кариерата

Поранешниот светски шампион во две различни категории Артур Абрахам (46-6, 30 нокаути) официјално ја завршува кариераta. Oдлука за повлекување од рингот ја откри во интервју за News.am.

Минатата година, 40-годишниот боксер навести дека можеме повторно да го видиме во рингот, но неговите планови веќе се променија. Абрахам е носител на шампионски појаси во средна и супер средна категорија на ВБО (Светска боксерска организација).

Германскиот боксер со ерменско потекло последен пат се бореше на 18 април 2018 година, но досега не објави дека се повлекува. Во интервју за Бокспорт по повод неговиот 40-ти роденден во февруари 2020 година, тој дури објави дека сака да влезе во рингот барем уште еднаш против Феликс Штурм (41-5-3, 18 КО). Штурм, кој е и поранешен светски шампион, беше осуден во мај 2020 година на три години затвор за даночна измама.

Абрахам признава дека сака да поминува повеќе време со семејството. Со години живееше во Берлин, но последните неколку месеци ги помина претежно во неговиот роден град Ереван.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON