Артем Лобов успешно ја започна својата кариера во бокс без ракавица запишувајќи победа против Џејсон Најт во крвавиот меч што ги воодушеви навивачите.
Поранешните УФЦ борци се пресметаа во главната борба Беар накл ФЦ 5 настанот во Билокси и по пет рунди акција Лобов славеше со едногласна одлука (48-47, 47-47, 48-46).
Двоецот прикажа возбудлив меч полн со акција што најдобро го докажуваат нивните крвави лица по борбата. Лобов еднаш заврши во нокдаун, додека Најт во првите три рунди се најде на подот дури три пати. И двајцата дадоа се од себе, а во некои моменти од борбата да се претвори во вистинска војна, при што отворено се разменуваа удари, без размислување за последиците.
Така Лобов го подготви теренот за голем меч против Поли Малигнаџи со кого пред неколку дена имаше жестока вербална пресметка во Њујорк, која заврши така што поранешениот боксерски шампион му плесна една шлаканица.
Организаторот на БКФЦ веќе потврди дека борбата против Малингаџи и Лобов е Беар накл ФФЦ 6 кој ќе се одржи на 22 јуни.
Погледнете ги најдобрите моменти од борбата меѓу Лобов и Најт.
Artem Lobov vs. Jason Knight #BKBFC5 RD 1 pic.twitter.com/DIpMw37fr3
— ZombieProphet (@GIFsZP) April 7, 2019
.