Во втората пресметка на поранешните борци на УФЦ без ракавици Џејсон Најт му се реваншира на Артем Лобов за поразот во првиот меч.
27-годишниот Американец во првата борба беше поразен со одлука на судиите, аво новата средба на Bare Knuckle Fighting Championship 9 во Билокси во Мисисипи го нокаутира 6 години постариот Ирец .
Лобов се најде во нокдаун во втората рунда, а потоа по левото крош на Најт во последната пета рунда падна на колена. Се чини дека ударот му го повреди окото и судијата го прекина мечот.
Џои Белтран го победи Чес Шерман со одлука на судиите и стана нов шампион во тешка категорија на БКФЦ.
Поранешниот борец Прајд Чарлс Бенет загуби со нокаут во втората рунда од Џони Бедфорд.