Артем Лобов ја заврши кариерата

Русинот Артем Лобов, кој помина низ УФЦ и беше меѓу светлите фигури во организацијата, ја заврши кариерата. Артем рече дека повеќе нема да учествува во борби и ќе се фокусира на други работи. Лобов кој досега беше дел од БКФЦ (бокс со голи раце), истакна дека повеќе не сака да се бори и дека не му требаат борби.

„Време е да ја завршам кариерата. Има многу други опции и предлози за продолжување на мојот пат, но тоа не се борбите. За да успеете, понекогаш треба да се збогувате и да се фокусирате на други работи.

Се разбира, ќе бидам партнер со Mahatch FC и Parimatch. Сите спонзори ми се како семејство. Навистина ја чувствувам таа поддршка. Така, нема да се збогувам со борбечката индустрија, но мора да ја завршам кариерата како борец“, објасни Лобов.

На 24 јули во Киев, Лобов се бореше со украинскиот боксер Денис Беринчик. Артем промаши многу удари, два пати падна во нокдаун и одлучи да го прекине мечот пред петата рунда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON