Во 2020 година, година кога светот застана за да се соочи со пандемијата од светски рамки, како и сите, така и спортистите, ги осетија последиците од оваа пандемија. Карате федерацијата на Македонија имаше свои приоритети, па како врвен беше здравјето и следењето на препораки од здраствените институции, па сето ова резултираше со намалена активност на тренинзите и натпреварите.
Денес во салата на „Борис Трајковски“ КФМ ги бираше најдобрите каратисти кој своите резултати ги направија пред да настапат мерките за Ковид-19, честитки на сите номинирани каратисти кој денес оптимстички и со посебен мотив ги примија признанијата и поставија нови цели.
За Арта Буши и Јусра Адеми членки на КК Кеикс од Скопје ова беше посебен ден и еден нов старт за новата сезона. Еве што они рекоа за нашиот портал по примањето на признанијата.
„Имавме долга пауза, не знам и не сакам да мислам како беше, само сакам да се насочам на моите идни планови. Во февруари 2020 година во Будимпешта настапив на Европското првенство, мое прво Европско, мотивирано и подготвена увидов дека патот до врвот не е далеку и не е недостижен и дека ќе треба да продолжам да вежбам со поголем интезитет за да ги остварам моите спортски амбиции. Не ми е тешко да вежбам, дури со нетрпение ги очекувам тренинзите и натпреварите кои се надевам дека оваа година ќе влезат во нормален тек, па затоа, ова признание кое по втор пат го добивам, е потик за максимално залагање на спортските терени. Благодарност и честитки до сите кој ни ја даваат можноста да продолжиме по патот на успехот и до нашата цел“, вели Арта Буши – најдобрата кадетка за 2019 и за 2020 година.
„Да продолжам од таму каде што застанавме е за мене вистински предизвик. Денешните признанија за мене се доверба која сакам да ја оправдам. Јас не се плашам од вакви задачи но во исто време не ги потценувам, туку ветувам дека ќе го дадам максимумот за да останам на врвот. Мојот последен настап на Европското првенство во Будимпешта само ми даде поттик плус за повеќе тренинзи кој се патот до мојата цел“, исткака Јусра Адеми.