Арсовски: Очекувам медали на Европското првенство во Пореч, имавме добри подготовки

Македонската карате репрезентација утре во Дојран ги завршува подготовките за Европското карате првенство за сениори од 19 до 23 мај во Пореч, Хрватска, а во понеделник патува во Хрватска.

Селекторот Сашко Арсовски вели дека подготовките течат во најдобар ред и дека во нашата репрезентација нема повредени.

„Може да истакнам дека нема повредени и дека сето она што беше зацртано го одработивме на подготовките“, вели Арсовски.

За очекувањата од Европското првенство, имајќи предвид дека во составот има искусни репрезентативци, предводени од Емил Павлов кој има две злата и две бронзи на европските првенства.

„Акцентот го ставам на Емил Павлов кој е најсериозен кандидат за Олимписките игри во Токио и на машкиот тим во борби. Но тоа не значи дека не можат да изненадат и другите“, истакнува Арсовски и додава: „Се надевам дека подготовките во Дојран ќе ни донесат среќа за настапот на сите најдобри   каратисти“.

На ЕП ќе патуваат: Емил Павлов, Давид Петков, Доан Османи, Петар Спасеновски, Вегим Мурати, Сара Радичевска, Симона Заборска, Моника Пендаровска, Ангела Мојсовска и Симона Симовска во поединечна конкуренција во борби.

Жарко Арсовски, Берат Јакупи, Виктор Крстевски со Османи, Мурати, Спасеновски и Павлов ќе ги бранат боите во екипна конкуренција борби.

Женската екипа во борби ќе настапи во состав: Ангела Мојсовска, Бојана Манева, Симона Заборска и Вероника Костовска.

Во кати ќе не претставуваат Пуликсенија Јованоска и Александар Неделковски.

Ката тимот мажи е во состав: Кристијан Бајовски, Александар Спасовски и Давид Спасовски.

На шампионатот ќе настапат 596 натпреварувачи од 47 држави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON