Од 17 до 23 јануари македонските репрезентативци Емил Павлов, Берат Јакупи и Наташа Стефановска под водство на тренерот на репрезентацијата Сашко Арсовски учествуваа на голем карате камп во Рим – Италија.
„Кампот во Рим завршува денеска. Учествуваа големите сили во карате спортот Италија, Иран, Казакстан, Бразил, Шкотска, Норвешка, Јужна Кореа, Македонија , Романија , Саудиска Арабија, со нивните најдобри натпреварувачи, а сите ги очекува најсилниот турнир од Премиер лигата во Париз овој викенд“, вели тренерот Сашко Арсовски.
Во очи на првиот настап во 2019 година на Премиер лигата во Париз, која е многу силна, Арсовски за подготвеноста на нашите каратисти истакнува и очекувањата од премиерното издание вели:
„Емил, Берат и Наташа се во одлична форма. Утре ќе им се приклучи и капитенот на сениорската репрезентација Жарко Арсовски и другите наши натпреварувачи. Морам да напоменам дека ќе биде многу тешко, бидејќи станува збор за најсилното коло на Лигата во Париз, каде што имаат право на настап само најдобрите каратисти од целиот свет“.
Минтата година беше успешна за македонското карате, затоа очекувањата се големи и во 2019 година, но и на кои настани ќе настапи.
„Не очекува Дубаи – Премиер лига, потоа следи Салзбург Карате 1 Серија А, па Европското првенство во Гвадалахара – Шпанија. Ќе дадам се од себе за да се повтори 2018 година и ќе ја оправдам поддршката на Македонскиот олимписки комитет, Агенцијатз за млади и спорт, а посебно на Карате федерацијата на Македонија“, категоричен е Арсовски.
Ipon.mk