Вечерва Арсим Етеми (-81 кг) загуби со едногласна одлука на судиите од 0-5 против Бирол Ајгун од Турција на Балканското првенство во бокс за сениори во Анталија – Турција.
Така, утре остабнува да се бори освојувачот на „Златниот гонг“ Јасин Лама (-63 кг) со Георге Димитреску од Романија, а тоа е можност за уште една победа и обезбедување на полуфинале и бронзен медал.
Да потсетиме дека Гоце Јанески го совлада репрезентативецот Филип Џиниќ од Србија со 3-2 и обезбеди бронзен медал и за него ќе се бори со Бесрат Пирева од Косово кој учествуваше на годинашниов „Златен гонг“ . Полуфиналето е во петок.
Ipon.mk