Арсим Етеми го освои бронзениот медал на „Белградски победник“по поразот од Мирончиков

Арсим Етеми го освои бронзениот медал на Меѓународниот боксерски турнир „Белградски победник“ кој се одржува по 59-ти пат. Етеми во полуфиналето загуби од српскиот боксер Владимир Мирончиков (Русин кој настапува за Србија) со судиски прекин во втората рунда.

Мирончиков, кој е носител на бронзениот медал од Светското првенство минатата година во Белград, доминираше, а на почетокотна втората пласира силен удар во стомакот на Етеми по што судиката во рингот му броеше и констатира дека не може да ја продолжи борбата па ја прекина.

Етеми во четвртфиналето се сретна со Грегор Старасинич кој ја предаде борбата (не се појави во рингот) и така обезбеди најмалку бронза.

На Белградски победник настапуваат 131 боксер, 35 жени и 96 мажи, од 21 држава од 28 март до 3 април.

86 кг

Арсим Етеми – Грегор Старасинич (Словенија) предадена

Арсим Етеми – Владимир Мирончиков (Србија) 0-5, ТКО Р2

Борбата на Етеми е на 6:25:00

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON