АктуелноМеѓународна сценаММА

Арман Царукјан за главата упатена кон Ден Хукер: Никој не може да ме исплаши

Работите мноду се вжештија за време на мерењето на УФЦ Катар кога Арман Царукјан одлучи да ја искористи средбата со Ден Хукер за да го удри противникот со глава во лицето.

Хукер го прифати нападот и е добро, но тоа беше нешто што лесно можеше да го повреди и да ја заврши борбата пред да започне. Доколку инцидентот се случеше под будното око на соодветна северноамериканска комисија, борбата можеше да биде откажана веднаш. И ова не е прв пат Царукјан да се однесува вака.

Во разговор за ЕСПН по инцидентот, Царукјан објасни што се случило.

„Се обиде да ме исплаши, но никој не може да ме исплаши“, рече Царукјан. „Сакаше да ме исплаши, а јас автоматски сакав да го шутнам, знаете? Никој не треба да се обидува да ме исплаши или да ме удри или што и да е“.

„Ахалкалакец“ очигледно е запален и вети дека ќе го казни Хукер за сè што направил за да го заслужи превентивниот напад.

„Имам дваесет и пет минути и сега сакам да го истрошам и само да му го парчосам лицето, а не да го довршам предвреме“, изјави Царукјан. „Сакам да му го одземам животот, да му нанесам сериозна штета. Тоа е мојата цел сега“.

Дана Вајт изјави дека победата над Хукер би му обезбедила на Царукјан шанса за меч за титулаѕа, па можете да очекувате предизвик ако Арман победи во сабота навечер.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON