Арман Царукјан со највисок хонорар на УФЦ на ЕСПН 52

Арман Царукјан ја освои најголемата победа во кариерата и тоа му носи голем хонорар.

Ѕвездата во подем во лесна категорија го нокаутира Бенеил Дариуш на главниот настан на УФЦ на ЕСПН 52, кој се одржа во Остин, Тексас. За само 64 секунди Арман победи и заработи хонорар од 556.000 долари. Дариуш, пак, ќе се утеши со плата од 521.000 долари.

Во коглавната борба Боби Грин загуби со КО во првата рунда од Џалин Тарнер. Победата му донесе на Тарнер 171.000 долари, а Грин 271.000 долари.

Еве ги хонорарите на останатите борци:

Арман Царукјан – 556.000 долари
Бенеил Дариуш – 521.000 долари
Џалин Тарнер – 171.000 долари
Боби Грин – 271.000 долари
Роб Фонт – 166.000 долари
Дејвсон Фигуердо – 126.000 долари
Шон Брејди – 216.000 долари
Келвин Гастелум – 121.000 долари
Пуна Соријано – 46.000 долари
Дастин Столцфус – 76.000 долари
Клеј Гуида – 91.000 долари
Хоаким Силва – 51.000 долари
Миеша Тејт – 171.000 долари
Јулија Авила – 24.500 долари
Коди Брундејџ – 92.000 долари
Зак Рис – 16.000 долари
Џо Солецки – 28.000 долари
Дракар Клосе – 116.000 долари
Стив Гарсија – 36.000 долари
Мелкизаел Коста – 16.000 долари
Ихор Потиерија – 66.000 долари
Родолфо Белато – 66.000 долари
Велингтон Турман – 51.000 долари
Џаред Гуден – 16.000 долари
Џејми-Лин Хорт – 16.000 долари
Вероника Харди – 36.000 долари

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON