Меѓународна сценаММА

Арман Царукјан се враќа во кафезот во ноември во Катар

Ѕвездата на УФЦ Арман Царукјан следната борба ќе ја има на гала вечер во Катар, закажана за 22 ноември. Веста ја објави РедфјуриММА.

Во моментов, името на противникот е сè уште непознато, бидејќи договорот за борбата не е потпишан.

Рускиот борец од ерменско потекло е во одлична форма и е во серија од четири последователни победи. Во последиот настап во април 2024 година Царукјан се соочи со Бразилецот Чарлс Оливеира и победи со одлука на судиите.

Неговиот вкупен професионален биланс во MMA е 22 победи и 3 порази, што го става меѓу водечките претенденти во лесната дивизија на УФЦ.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON