АктуелноМеѓународна сценаММА

Арман Царукјан исфрлен од авион (ВИДЕО)

Новиот инцидент во кој е вклучен Арман Царукјан предизвика загриженост, но овој пат нема никаква врска со борбите.

Царукјан се нашол во непријатна ситуација во текот на летот за САД, каде што требаше да настапи на настанот „РАФ 08“ во Филаделфија. Екипажот на летот не бил задоволен од неговото однесување и реагирал брзо. Проблемот се појавил уште пред полетувањето, кога реагирал екипажот поради непочитување на правилата во кабината.

Според рускиот новинар Адам Зубајраев, кој бил во авионот, членовите на тимот на Царукјан ги користеле своите телефони и не ги следеле стандардните процедури во текот на подготовката за летот. Ова, вели тој, била причината да бидат отстранети борачот и неговите придружници од авионот, а целиот инцидент бил снимен.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON