И Арјан Исени славеше во првото коло на Европското бокс првенство во У-22 во Будва – Црна Гора. Исени го совлада Себастијан Куш од Полска со 4-1.
Утре во четвртфиналето Исени боксира против Гркот Михаил Цамлидис.
Да потсетиме дека Ален Русетмовски славеше против Арманд Куристо Ковач од Унгарија со 5-0.
Во четвртфиналето Рустемовски ќе се судри со боксерот од Ерменија Аслијкан.
На шампионатот настапуваат 320 боксери од 38 држави.
Боксерите ќе добијат и парични награди за освоените медали, но и за пласман во четвртфиналето.
За златен медал наградата е 8 000 американски долари, за сребрениот 4 000 и за бронзениот 2 000, додека за пласман во четвртфиналето се добива по 1 000 долари.
Резултати – ЕП У-22:
57 кг Ален Рустемовски – Арманд Куристо Ковач (Унгарија) 5-0
57 кг Ален Рустемовски – Руслан Асликјан (Ерменија) 16 ноември
80 кг Арјан Исени – Себастијан Куш (Полска) 4-1
80 кг Арјан Исени – Михаил Цамлидис (Грција)