Борецот на УФЦ, Артем Лобов, е ангажиран од страна на руската држава за да помогне во обуката на нивните специјални агенти на руската тајна служба – ФСБ (наследник на КГБ). Обуката се одржа во Кремљ, а информацијата ја откри порталот RT.com.
Задачата на ФСБ е да ги заштити високите руски државни функционери, вклучувајќи го и претседателот Владимир Путин. Прилогот открива како Лобов го одржал својот „семинар“ во срцето на Кремљ во тајна тренинг база. Откако ја заврши работата, Лобов изјави дека работи за исполнување на соништата за него.
„Апсолутно бев почестен да бидам поканет во Кремљ. Ова беше мојот сонц уште како мало дете. Но, се разбира, не сум сонувал да ме поканат да ги тренирам специјални единици. Така што бев многу возбуден и уживав секоја секунда“, открива Лобов кој во изјавата рече дека планира да се врати во октагонот на 17 март на УФЦ во Лондон.
Со успехот на неговиот соиграч и неговиот верен спаринг партнер се пофали и Конор Мек Грегор на неговиот Инстаграм профил.
„Толку сум горд на мојот брат Артем Лобов. Внатре во познатиот Кремљ ги презентираше и ги подучуваше на нашите тренинг методи руските агенти, ангажиран од рускиот претседател Владимир Путин. Еден ден, наскоро, ќе ја посетам Русија и можеби ќе се натпреварувам пред моите руски фанови, покрај мојот брат Артем. И благодарам на сите мои руски поддржувачи кои ја препознаа напорната работа и кои не поддржуваат до крај“, стои во Инстаграм пораката.
https://twitter.com/RT_com/status/943885536342827008?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=http%3A%2F%2Ffightsite.hr%2Frubrike%2Fufc%2Fartem-lobov-angaziran-od-ruske-tajne-sluzbe-conor-ga-nahvalio-video%2F
https://www.instagram.com/p/Bc-RrxXAgOV/
.