Арбреша Реџепи нема да го носи знамето на отворањето на Олимписките игри, имала контакт со заразен од ковид-19

Aрбреша Реџепи заради близок контакт со заразен (позитивен случај) од Ковид – 19 е во делумна изолација и таа нема да може да присуствува на церемонијата на отварање на игрите, информираат од Македонскиот олимписки комитет.

Со самото тоа Арбреша Реџепи, заради правилата на ИОК, нема да може да го носи македонското знаме на церемонијата на отварањето на Олимписките игри Токио 2020.

„Сепак, таа со посебен транспорт обезбеден од страна на МОК оди на тренинг и секако ќе има право да настапи на олимпискиот џудо турнир на Олимписките игри“, велат од МОК.

Инаку Арбреша Реџепи во првото коло на олимпискиот џудо турнир ќе се бори против Жил Челзи од Велика Британија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО