Арапите сакаат Бенавидез да се бори со победникот од Бетербиев-Бивол

Двократниот светски шампион во суперсредна категорија (до 76,2 кг), Американецот Давид Бенавидез може да се сретне со победникот од борбата за неприкосновената титула во полутешка категорија меѓу Артур Бетербиев и Дмитри Бивол. Битката меѓу нив ќе се случи на 1 јуни годинава.

Саудискиот промотор Турки Алалших планира да организира Бенавидез да се бори во декември 2024 година со победникот од Бетербиев-Бивол. Алалших претходно сакаше да договори борба меѓу Давид (28-0, 24 КО) и Канело Алварез, но мексиканската ѕвезда за борбата бараше 200 милиони долари.

Турки тогаш сметаше дека е пореално да се организира борба меѓу Бенавидез и Бивол или Бетербиев. Потенцијална пречка може да биде реванш клаузулата на мечот Бивол – Бетербиев.

Една од опциите би можела да биде борбата меѓу Бенавидез и победникот од борбата Бивол-Бетербиев пред нивниот реванш. Но, тогаш интересот за реваншот би можел да опадне, особено ако Бенавидез победи во предложената борба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jeremy Santos Jr. (@jeremysantosjr)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON