Минатиов викнед во Кочани на Државното првенство за сениори во борење слободен стил борачот на Балканец Дејан Митров ја освои 16-та титула што е апсолутен рекорд, по него следуваат Чедо Николовски со 13 титули, Коце Ефремов 11, Шабан Третсена 10, Шабан Сејди 10 итн..
Ова остварување на Дејан Митров е тешко достижно во наредните 10 години.
„За мене рекордот со 16 титули е само поголема мотивација да прозолжам со уште поголеми успеси и афирмација на мојата татковина Р. Македонија и да бидам пример за младите да се тргнат од пороците кои земаат голем замав во нашето општество“, вели Митров.
Дали има простор и време за подобрување на рекордот?
-Ќе се борам се додека ми дозволува моето тело и може да ги издржи напорните тренинзи. Засега се чувствува одлично на 36 години.
Што очекуваш од настапот на Македонскиот бисер пред твојата штипска публика?
-Македонскиот бисер оваа година ќе биде на високо ниво има потврдено учество на 12 држави. Очекувам добри борби и побликата да ужива. Секако, поддршката од домашната поблика ми дава уште поголема сила и мотивација.
Ќе настапиш ли на Светското првенство?
-Следната цел е СП. Погдотовките се насочени кон СП.
Со што друго се занимаваш? Каде се гледаш во иднина?
-Во иднина се гледам како тренер/селктор и сакам да се надградувам како спортски работник и да го пренесам моето знаење на младите