Најдобриот хрватски кик-боксер Антонио Плазибат конечно го доби мечот на кариерата! Тој ќе се бори со Рик Верховен за титулата шампион во тешка категорија на Глори.
Борбата требаше да биде водечка на настанот Глори Колишн 5 во март, но отккао Рико се повреди минатата недела, мечот беше одложен за подоцнежен датум.
Плазибат е на врвот на листата на предизвикувачи повеќе од една година и сега има можност да се бори за појасот.
Хрватскиот борец минатата година извојува две убедливи победи, во мај го нокаутира Мароканецот Тарик Хбабез, а во ноември на ист начин го заврши Романецот Раул Катинаш.
Антонио многу порано го заслужи мечот за појасот на шампионот во кралската категорија на Глори, но сега пристигна и официјалната потврда. Мечот беше најавен на денешната прес-конференција на Глори.
Глори првично сакаше Верховен да се бори со Оверем, но кога Демолишн мен падна на допинг тест, сите очекуваа Плазибат конечно да ја добие толку посакуваната борба.