Глори на 21 септември ќе приреди кик бокс спектакл во загребската Арена, каде главна ѕвезда ќе биде Антонио Плазибат.
Најдобриот хрватски кикбоксер се враќа во рингот откако ја санираше повредата на раката (повеќе скршеници) со која се здоби пред една година на мечот за појасот на привремен шампион во тешка категорија на Глори, кој го загуби со нокаут во петтата рунда против Тарик Осар.
Противник на Плазибат на настанот на Глори во Загреб ќе биде прворангираниот холандски тешкаш Леви Ригтерс, кој на последниот меч во мај минатата година со одлука го победи Нико Переира Хорта.
А два месеци претходно, во финалето на Гран прито, загуби со прекин во втората рунда од долгогодишниот владетел во тешка категорија Рико Верховен.
„Леви е само тело на патот. Ќе го нокаутирам пред 15 илјади Хрвати кои ќе навиваат за мене. Не сакате да ја пропуштите оваа борба. Ќе биде најголемата кик бокс вечер на Балканот“! изјави Антонио Плазибат, а се јави и Леви Ригтерс:
„Тоа е борба меѓу двајца од најдобрите тешкаши. Едвај чекам да дојдам да се борам во прекрасната Хрватска. Но, морам да ги разочарам навивачите, мојата рака на крајот ќе биде во воздух. Ќе биде незаборавна вечер во Загреб, не пропуштајте“!