Денеска стана јасно дека поранешниот шампион во бокс во полусредна категорија, 38-годишниот Мексиканец, Антонио Маргарито, ќе се бори на 16 јули во Мексико. Негов противник е 29-годишниот сонародник, Рамон Алварез. Се уште не е прецизирана точната локација на битката.
Маргарито речиси пет години е надвор од рингот, но вели дека во март ќе ја продолжи својата кариера.
Рамон е постар брат на светскиот шампион на ВБЦ, Саул Алварез.