Меѓународна сценаММА

Анкалаев се враќа во октагонот во мај, противникот сè уште непознат

Дагестанскиот борец сè уште не го знае името на идниот противник.

Поранешниот шампион во полутешка категорија на УФЦ, Магомед Анкалаев, следната борба ќе ја води во мај, откри во изјава за ТАСС.

Дегестанскиот борец сè уште не го знае името на идниот противник, но подготовките за неговото враќање веќе се започнати. Новата борба ќе биде прва за Анкалаев по тешкиот пораз од Алекс Переира во октомври минатата година, кога Бразилецот го нокаутира во првата рунда.

На 33 години Анкалаев останува еден од најопасните борци во дивизијата, со професионален скор од 21 победа, 2 порази и едно реми, а уште една борба е прогласена за неважечка.

Неговото враќање во мај може да се покаже како клучно за рангирањето во полутешка категорија, бидејќи победата би го вратила рускиот борец во борбата за позициите на претендентите. Се очекува УФЦ да го објави името на неговиот противник и локацијата на гала вечерта во наредните недели.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON