Трајан Ангелов (-130 кг) се пласира во финалето на Светското првенство за ветерани во борење слободен стил во Скопје во Е-категоирија. Во финалето ќе се бори против Русинот Зураб Красадѕе. Ангелов до финалето извојува три победи.
Николчо Калајџиев и Марјан Танев ќе се борат за бронзнеите медали во Б-категорија до 78 кг и ќе се сретнат со Мартин Буз од Германија и Ганбат Дорјготов од Монголија. Претходно извојуваа по две победи, а Танев уште една во репасажот.
Игор Мицевски го освои петото место, бидејќи во борбата за бронзениот медал е поразен со 5-2 од борачот од Монголија.
Ipon.mk