Сотир Настоски од Центарот за боречки вештини „Бушидо“ од Струга по напорната сезона заминува за Мајами во САД, каде што се одмора, но и тренира со познати мајстори на боречките спортови. Но, тоа не е се…во неговите прегртки може да се видат „Ангелите на Викторија сикретс“ или, пак, да проследи некој НБА меч, како еден финалната серија меѓу Мајами и Кливленд.
Инаку, Настоски почнал да тренира карате уште на 8-годишна возраст во Струга,а потоа неколку години тренира и се натпреварува во таеквондо, како и во кик бокс.
„Имам посетено многу семинари и турнири од европски и светски,карактер. Се натпреварува како кадет, јуниор и сениор. Бев член на репрезентацијата на Македонија од 1995 до 1998 година и во карате и во кик бокс. Последното и најзначајно ннатпреварување ми беше во карате (дисциплина борби) 2007 година во Марина де Карера, Италија, на Светското првенство на ВТКА (стилско првенство-н.з.), каде што го освоив второто место“, истакнува Настоски.
Во 2003 година формира центар за боречки вештини, каде што активно се тренира карате, кик бокс и тајландски бокс. Центарот Бушидо-Струга, како што вели Сотир, има направено многу големи успеси во изминативе години и создадено многу репрезентативци.
„Секој ден е исполнет со разни тренинзи за разни возрасти. Но, неколку години со ред знам и кога е време за одмор. Добро го искористам. Патувам во Америка на неколку месеци на познатата плажа Мајами бич. Таму има повеќе професионални сали во кои тренирам и разменувам искуства со други светски тренери во повеќе боречки спортови. И годинава и наредната планирам да отпатувам таму“, посочува Настоски.
Ipon.mk/В.Д.