Ангела Мојосвска (-68 кг) забележа една победа и еден пораз на Медитеранските игри во Тарагона, Шпанија. Ја совлада Сандра Френандез (Андора) 8-0, а загуби со 3-7 од Нада Мохамед (Египет).
Најверојатно, првата борба е добеина со службен резултат, односно противничката не се појавила, како што е случајот со Наташа Стефановска, бидејќи таа не отпатува за Шпанија а беше жребувана по претходна пријава.
Не доби шанса во репасаж да се бори за бронзен медал, бидејќи Мохамед не се пласира во финалето.
Да потсетиме дека Ненад Келебиќ (-67 кг) го освои бронзениот медал. Утре ги очекуваме настапите на Берат Јакупи и Жарко Арсовски.
Резултати
-60 кг
Емил Павлов – Оргес Арифи (Косово) 3-1
Емил Павлов – Јохан Лопез (Франција) 1-0
Полуфинале
Емил Павлов – Абдесалам Амекнаси (Мароко) 1-2
За бронза
Емил Павлов – Ерај Самдан (Турција) 1-3
-67 кг
Ненад Келебиќ – Ајуб Закарија (Мароко) 9-7
Ненад Келебиќ – Бурак Ујгур (Турција) 3-0
За бронза
Ненад Келебиќ – Жоаким Мендес (Португалија) 2-2 (3-2 судидско изјаснување)
-55 кг
Симона Заборска – Туба Јакан (Турција) 1-2
Репасаж
Симона Заборска – Сара Кардин (Италија) 0-3
-68 кг
Ангела Мојсовска – Сандра Френандез (Андора) 8-0
Ангела Мојсовска – Нада Мохамед (Египет) 3-7
Ipon.mk